СДСМ за одлуките на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ: Со лажни партиски агенди мислат дека ќе го сокријат изборниот пораз

Од:

„Колку побрзо го признаат изборниот пораз, толку побрзо на Христијан Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ ќе им заврши агонијата низ која во моментов поминуваат.

Граѓаните на фер и демократски избори, јасно и недвосмислено ги казнија политиките на Мицкоски, граѓаните дадоа црвен картон за сите кои се заглавени во матрицата на режимот на Груевски и тој факт не можат да го сокријат никакви лажни аплаузи во белата палата.

Мицкоски губи трети избори по ред и се уште одбива да се помири дека граѓаните сакаат да одат напред, а не да се враќаат назад.

Со лажни партиски агенди, како што е наводната промена на партискиот Статут Мицкоски неуспешно се обидува да го сокрие изборниот пораз“, велат од СДСМ.

„Ниту Мицкоски може да ја демократизира ВМРО-ДПМНЕ, ниту може да добие мандат за состав на влада.

Мицкоски е поразен политичар, прочитана книга и од граѓаните, а се повеќе и од сопствените членови и поддржувачи.

Република Северна Македонија се ослободи, но ВМРО-ДПМНЕ се уште е заробена од инсталациите на Груевски.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе си остане во опозиција, а на Мицкоски како шпицен аутсајдер не му останува ништо друго освен да бара помош од Будимпешта, за да остане барем уште малку на климавото столче во белата палата.

СДСМ заедно со граѓаните продолжува напред, уште подобро и уште поуспешно. Нашата држава тргна по европскиот пат и враќање назад нема“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Каранфилова Пановска: Оризот се откупува за понижувачки 16 денари, оризопроизводителите не ги покриваат трошоците

СДСМ: Буџетот е пократок за осум милијарди денари, дупката ќе се крпи со нов кредит

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

СДСМ: 31 година од атентатот над Киро Глигоров, тогаш сакаа да ја запрат демократијата, на 27 април – повторно!

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

Платформата 12:05 ги достави предлозите за промени во СДСМ