СДСМ: Во Струмица тендери се добиваат низ законска постапка

Од:

„Денешната реакција на компанијата „АЛ-МАКС“, во сопственост на актуелниот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, В.Пишев, потврдува како работи градоначалникот на Струмица и како функционира администрацијата на градоначалникот Зоран Заев.
Во реакцијата на „АЛ-МАКС“ стои:

„Фирмата „АЛ-МАКС“ навистина го има добиено тендерот од ЈПКД „Комуналец„, но како фирма што понудила најдобри услови на пазарот“

Денеска, ВМРО-ДПМНЕ повторно изнесува веќе објавувани наводи во претходни изборни циклуси, во кои тврди дека „Зоран Заев давал јавни набавки на негов личен пријател“.

Почитувани господа од ВМРО-ДПМНЕ, очигледно не можете да се одвикнете од вашите навики. По се изгледа дека вие давате и делите тендери од ракав и на свои блиски луѓе и фирми.

Во Струмица, каде градоначалник е Зоран Заев, тендери се добиваат низ законска постапка, и ги добиваат оние што понудиле најниски услови на пазарот, како што потврди и фирмата „АЛ-МАКС“ во сопственост на Васил Пишев, актуелен пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за градоначалник на Струмица на последните локални избори“, се вели во писмената реакција на СДСМ на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема