СДСМ: Во амандманите на ВМРО-ДПМНЕ за СЈО секаде стои Република Северна Македонија

Од:

Мицкоски лаже и е лицемерен, во амандманите на ВМРО-ДПМНЕ за СЈО секаде стои Република Северна Македонија, велат од СДСМ денеска преку соопштение.

„На површина исплива уште еден доказ за лажниот патриотизам на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Додека Мицкоски ја замајува јавноста со лажен патриотизам тврдејќи дека не го признава уставното име, истовремено, според јавно достапните информации, на сите амандмани на неговата ВМРО-ДПМНЕ поднесени до Собранието за Законот за Јавното обвинителство стои новото уставно име Република Северна Македонија.

Мицкоски е неискрен и лицемерен и продолжува да ја лаже и манипулира јавноста. Со тоа уште еднаш докажува дека е ист како својот ментор и претходник, криминалецот Никола Груевски“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Цветановски: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери“ со „Ноќните волци“ на Путин

Горан Наумовски

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче категоричен: Мицкоски бара алиби за предвремени избори, СДСМ нема да биде покритие за ова сценарио

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите