„СДСМ-ВМРО, кога ќе признаете дека сте коалиција?“ – реакции на Твитер за амнестиите

Од:

Законот за амнестија за насилствата во Собранието на 27 април и измените на Кривичниот законик со кој се отвора пат за условни или помали казни на дел од обвинетите и осомничените во случаите на СЈО кои гласаа за уставните измени предизвикаа бура од реакции на „Твитер“.

На социјалната мрежа каде често може да се видат критики и коментари за дневно-политичките случувања, овој пат најмногу револт предизвикаа најавите за селективната амнестија што ја спроведува власта.

„Си договорија нова амнестија. Ќе го менуваат и член 353 од КЗ за да се спасат некои од арамиите коишто ги гони СЈО! СДСМ и ВМРО, кога ќе признаете дека сте во тајна коалиција?“, гласи еден од твитовите на темата.

„За нив амнестија, за нас повисоки даноци. Ете како си го разбрале она Хорхевото #разуменкомпромис“, вели друг твит.

„Мијалков го ослободиле, тоа е за ЕУ и НАТО“, иронично гласи еден од твитовите.

Во продолжение дел од реакциите на граѓаните на оваа социјална мрежа.

Би можело да ве интересира

Насилникот кој истепа две деца на натпреварот меѓу „Шкупи“ и „Брегалница“ во судница побара симултан превод

Маск бара отфрлање на тужбата против него за уделот во Твитер

САД: Судијата го отфрли барањето на Ријад за поддршка на киднаперите од 11 септември 2001 година

Државата конфискуваше 11.600 евра од осудениот раководител за урбанизам во Маврово и Ростуше

Апелацискиот суд на САД ги запре масовните отпуштања од федералните агенции

Судот ги поништува царините на Трамп и ги прогласува за нелегални