СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ трошеше на луксуз додека образованието тонеше

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на изјавата на Јован Јаулески од ВМРО-ДПМНЕ.

„Додека ВМРО-ДПМНЕ 11 години криминално се богатеше и парите на граѓаните ги трошеше на лускуз, скапи споменици и барокни дворци, образованието тонеше, а студентските домови се распаѓаа и се давеа во долгови. Поради таквото расипничко и неодговорно трошење на парите на граѓаните, денеска студентските домови должат над 300 милиони денари, односно околу пет милиони евра.

Поради расипничкото и коруптивно владеење и поради таканаречените образовни реформи на ВМРО-ДПМНЕ кои служеа единствено за богатење на поединци, денеска образованието во Македонија е едно од најлошите во Европа.

Со ребалансот на Буџетот Владата предводена од СДСМ, вложува во квалитетот на образованието и човечкиот капитал и за таа цел се обезбедени нови 35 милиони денари за студентски стандард и 10 милиони денари за ученички стипендии и школарини, а покрај тоа се поправаат штетите и се сервисираат долговите што ги направи ВМРО ДПМНЕ“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус