СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ системски го уништуваше образованието, реформите ќе овозможат квалитет во образованието

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагираше на прес-конференцијата на Лука Кржаловски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Преку долгогодишните погубни политики, ВМРО-ДППМНЕ системски го уништуваше образованието. Доказ за тоа се и многуте рангирања на престижни меѓународни институции и организации кои образованието во Македонија го рангира како едно од најлошите во Европа, како и ПИСА тестирањето на кое поради лошиот образовен систем, учениците од Македонија имаат едни од најлошите резултати во светски рамки.

Заврши времето кога ВМРО-ДПМНЕ системски го уништуваше образованието со избрзани, несоодветни и неквалитетни проекти со што предизвика огромни штети врз учениците, наставниците и образовниот процес.

СДСМ, преку новата Влада што ја предводи, активно работи на санирање на штетите што ВМРО-ДПМНЕ ги направи во образованието. Се решаваат напластените проблеми и се создава здрава основа за темелни реформи кои ќе овозможат квалитет во образованието и кои ќе бидат во интерес на учениците, студентите, наставниците и професорите“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија