(ВИДЕО) Милевски: Каде е Лукровски, зошто не им соопштува на граѓаните, зошто не поднесува оставка и официјално?

Од:

Каде е Сотир Лукровски? Зошто не им соопштува на граѓаните ништо? Официјалното боледување на градоначалникот Сотир Лукровски завршило на 29 мај. До денес тој не се појавил на своето работно место, ниту пак граѓаните на Општина Карпош добија јасно објаснување за неговото отсуство и за тоа кој и како ја води општината во овој период. Зошто не доаѓа на работа а прима плата? Зошто не им се обрати на граѓаните на Карпош да им каже за што станува збор? Не навлегуваме во ничија здравствена состојба, му посакуваме добро здравје на секој човек, но, јавноста има право да знае дали градоначалникот е способен да ја извршува функцијата за која е избран и дали Општина Карпош има активно раководство, изјави Панче Милевски Панта – претседател на Општинската организација на СДСМ од Карпош.

– Вистината е едноставна. Општина Карпош е заглавена во институционален хаос, а граѓаните се тие што ја плаќаат цената на лошите кадровски и политички одлуки на Мицкоски и ВМРО. Ќе се извини сега Мицкоски повторно или ќе бега од одговори на прашањата? Очигледно единствената цел е да се заштити уште еден неуспешен партиски избор и да се соркие вистината за партиските дилови во Карпош за бизниси и провизии. Денес упатуваме јасен повик до Сотир Лукровски. Доколку не сте во можност да ја извршувате функцијата градоначалник, покажете лична и политичка одговорност. Излезете пред граѓаните и јавно соопштете ја вашата одлука.

Граѓаните знаат колку е тешко да се работи со постојани политички притисоци, партиски и бизнис интереси кога е во прашање ВМРО. Затоа ве охрабруваме да постапите одговорно и да поднесете оставка доколку сметате дека не можете да ја извршувате функцијата. Со тоа ќе овозможите што поскоро да се создадат услови за нови избори и граѓаните на Карпош сами да одлучат кој ќе ја води општината во наредниот период. Карпош заслужува функционална општина, активно раководство и институции кои работат во интерес на граѓаните, а не во интерес на партиските калкулации, нагласи Милевски.

Би можело да ве интересира

Филипче: Мицкоски да одговори зошто со законски измени се брише одредбата за уплата на 6% во вториот столб?

Бројките се немилосрдни и ги демантираат СДС, ДЗС вчера објави дека реалната нето-плата во септември пораснала за над 5%

СДСМ: Крпен живот, кошничката се доближи до 71.000 денари – само за храна се потребни 26.000 денари

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС продолжуваат со лагите и манипулациите за Алта банка, овој пат јавната аукција сакаат да ја претстават како тајна зделка

(ВИДЕО) СДСМ со амандмани бара 2.500 денари повеќе месечно за студентски оброк и стипендии од 8.000 денари

СДСМ: 51 милион евра не се префрлени во вториот пензиски столб – кривична одговорност треба да започне од Мемов