(ВИДЕО) Димитријевиќ: Брисел бара измени на Законот за судски совет

Од:

Уште една лага на Христијан Мицкоски за реформите е целосно разобличена. Брисел по скратена постапка бара измени на Законот за Судски совет. А владата со месеци го претставуваше Законот како доказ за наводен реформски напредок. Сега стигна потврдата дека со манипулации и со трикови реформи нема. СДСМ за ова предупредуваше уште од самиот почеток. Претседателот Филипче, јавно посочуваше дека законот е усвоен без целосно почитување на препораките на Оценската мисија и Венецијанската комисија, изјави Александар Саша Димитријевиќ – генерален секретар на СДСМ.

– Истото беше нотирано и во забелешките што СДСМ ги достави, но Филков и Мицкоски намерно ги игнорираа. Денес се покажува дека СДСМ бил целосно во право. Ова е уште еден доказ дека реформите на власта се само илузија, лага и манипулација. Нема реформи во правосудството. Има само партизација и ставање под политичка контрола на власта. Советник на Мицкоски станува судија, за обвинител се избира сопруга на градоначалник од ВМРО. Портпаролката на Владата, на телевизиски настап изнесува информации за судски предмет којто е во тек. На прес конференции во ВМРО се изнесуваат детали за истраги во тек.

Мицкоски дели задачи од собраниската говорница, преку телрвизија и преку телефон. Нема ништо за милионските скандали со тендери кои ги објави СДСМ, тешки над 100 милиони евра. Експресно се одбива кривичната за Мицкоски, се молчи за кривичната на Славески, сопствениците на Алфа, нема истрага за Алта банка. Тоа е вистината денеска. Затоа столбот во Фронтот за вистина и правда е новиот Антикорупциски Закон. Правда со целосна дигитализација, соработка со Европското обвинителство, на кое што никој нема да може да влијае, како и заштита на сведоците кои што ќе пријавуваат коруптивни зделки. Само така може да се поврати довербата на граѓаните и да се направи нов систем. Доста беше од манипулации, доста беа лаги. Граѓаните заслужуваат вистински реформи, рече Димитријевиќ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: По Гостивар, Крушево, Маврово и белата пена во Вардар, сега и Булачани – Мицкоски, Тошковски и ВМРО-ОКГ ја отруја цела Македонија

СДСМ: Кога Мицкоски ќе најави мерки за намалување на цените, веднаш следува поскапување

Младеновска: Оставка за Клековски, призна дека „црвените светла“ се запалиле предоцна во Гостивар

Петрушевски: Додека СДС се занимава како да ќари политички поени, надлежните во државава работат и ситуацијата во Гостивар се стабилизира

(ВИДЕО) Фрчкоски: Мицкоски ја труе Македонија – СДСМ бара 5 милиони евра од прославата со пејачи да се пренаменат за чиста вода

А1он

СДСМ: Загадена вода во шест населени места – без одговорност и кривични пријави

А1он