СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ одбиваат експерти заради статуси на фејсбук или роднински врски

Од:

Процесот на преговори за тројцата експерти што треба да бидат членови на Државната изборна комисија е сосема закочен. За СДСМ не се проблем имињата на кандидатите, туку, се работи за тотално различни концепти за духот на договорот.

Според СДСМ, ВМРО – ДПМНЕ се бори за да контролира најмалку 5 гласови во ДИК, а СДСМ сака да избегне партиска контрола и пазарење

За СДСМ не е прифатливo експертите да бидат избрани со согласност од политичка партија, туку тие да одговараат на критериумите кои се меѓународни.

Од 40 тината пријавени кандидати за експерти во Државната комисија имало луѓе и со меѓународно искуство во следење избори, но за ВМРО-ДПМНЕ не биле прифатливи заради тоа што напишале некој критички статус на фејсбук или биле со некого во родниниски врски.
Така, во преговарањето, ВМРО – ДПМНЕ предлагале кандидати кои биле членови на избирачки одбор на избирачи места, но не скале да ги прифатат кандидатите кои работеле во набњудувачки мисии за избори во странски земји, или некогаш биле членови на ДИК.

Од СДСМ тврдат дека преговорите се блокирани и дека нема да прифатат да не се почитуваат критериумите поставени од меѓународната заедница за овие тројца експерти. Според СДСМ, по изборот на експертите треба да се направи целосна реконструкција на ДИК, во администрацијата и потоа во методологијата на прочисување на избирачкиот список.

Би можело да ве интересира

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус