А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не избира средства да го извалка името на Заев

by А1он29/10/2012 - 17:02159
Share0

СДСМ реагираше на прес конференцијата на Александар Бичиклиски кој обвини градоначалникот на Струмица преку фирмите на неговото семејство ги врти парите во круг. Во соопштението од СДСМ се вели:

Следете a1on на Instagram Instagram

„Станува чудна и загрижувачка состојбата во владејачката партија ВМРО – ДПМНЕ. Имајќи ги во предвид резултатите од своите анкети за високиот рејтинг на градоначалникот Зоран Заев наспроти поразителните рејтинзи на можните кандидати од нивната партија, луѓето од ВМРО – ДПМНЕ не избираат средства за да го извалкаат името на струмичкиот Градоначалник. По стариот добар обичај својствен на ВМРО – ДПМНЕ тие недозволени средства се лаги, интриги и манипулации. Да не беше смешно ќе беше жално но Бичиклиски, Груевски и братучедите на премиерот сами се фаќаат во стапица.

На завчерашната прес-конференција тврдеа дека Општина Струмица има склучено договори за јавни набавки со фирмата ИГМ „Еленица” за да денес и самите признаат дека станува збор за јавни набавки на ЈПКД „Комуналец”, а не Општина Струмица.

Измешаните лончиња во партијата на Груевски само докажуваат дека или немаат елементарни познавања за тоа, кој со која институција управува или се прават паднати од Марс.

Следете a1on на Youtube YouTube

Сите граѓани во Република Македонија можат да ги проверат сите јавни набавки на сите институции во државата, вклучително и на Општина Струмица. Еве можност и самите да се уверат кој лаже а кој ја зборува вистината.

Во периодот за кој зборуваат лажговците од ВМРО – ДПМНЕ, ЈПКД „Комуналец” склучил договори за јавни набавки во висина од преку 100.000.000 денари со преку 70 различни фирми, меѓу кои и фирми блиски до владејачката гарнитура, а Еленица е само една од нив.

Законот за Јавни набавки е јасен и концизен. Во него стои дека сите фирми можат слободно да конкурираат на сите распишани тендери. Што е тука нејасно?

Останува енигмата, кои етички норми важат за братучедот на Заев, а кои за братучедите на Груевски.

Кој е Зоран Заев и што сторил досега знае цела Македонија, особено граѓаните на Струмица. Затоа јалови се сите гнасни обиди на владејачката гарнитура да промени било што околу неговиот рејтинг. Осум години со макотрпна работа е граден тој рејтинг и не може никој па ни ВМРО – ДПМНЕ преку ноќ истиот да го сруши со паушални измислици извадени од ракав“.

sdsmvmro-dpmne

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски24/09/2026 - 11:1824/09/2026 - 11:41

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

Катерина Ѓуровски22/09/2026 - 12:18

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он20/09/2026 - 13:19

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он20/09/2026 - 11:53

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Катерина Ѓуровски16/09/2026 - 11:07

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

Катерина Ѓуровски15/09/2026 - 12:28
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео