СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ лажеше и ги поткопуваше државните позиции со Бугарија

Од:

ВМРО-ДПМНЕ, во период кога се решаваше евроинтегративниот процес на државата, ширеа лаги преку со кои се обидуваа да ги поткопаат државните позиции со Бугарија, ја плашеа јавноста со наводно распродавање на македонскиот јазик, македонскиот идентитет и историја, лажеа за некаква асимилација и бугаризација на државата велат од СДСМ.

– По сето тоа, најмалку што можат да направат во Белиот дворец е да им се извинат на граѓаните за тешките лаги што ги пласираа, а потоа и да побараат одговорност од Мицкоски. Мицкоски мора да излезе од деструктивната матрица и наместо за интересите на неговиот ментор Никола Груевски, наместо за туѓи центри на моќ, конечно да почне да работи за интересите на граѓаните. И покрај срамното, неодговорно и антидржавно однесување на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ продолжува да ги брани државните позиции и национални интереси, но и да работи на обезбедување на европската иднина на државата како клучна стратешка цел порачуваа од владеачката партија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

Мицкоски: Нема уставни измени, ако треба ќе чекаме децении како што чекаа политичарите од Бугарија да го применат принципот на Живковизмот

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%