СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го заглави Скопје, убедливо најлоша локална власт во историјата на градот

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ по една година комплетно го заглави Скопје, се докажа како убедливо најлоша локална власт во историјата на главниот град. Откако 11 години се изживуваа врз граѓаните, државата, а особено врз градот Скопје, со мегаломанското обезличување Скопје 2014, сега го доведоа во колапс функционирањето на градот“, соопшти СДСМ.

„Не реализираа ниту едно изборно ветување, ги прекинаа започнатите проектите, за кои веќе се обезбедени средства.

Скопје остана без јавен превоз, сите градски комунални претпријатија се соочуваат со проблеми.

Локалните власти ги оставија граѓаните на цедило и не сакаа да обезбедат парно греење за скопјани, но Владата предводена од СДСМ обезбеди греење за Скопје.

Поради неспособната локална власт на ВМРО-ДПМНЕ, Владата ќе ги преземе сите големи и клучни проекти кои се започнати во Скопје и во рамките на своите надлежности ќе ги направи, заради граѓаните, заради скопјани.

Со ВМРО-ДПМНЕ градот Скопје е заглавен, како што 11 години беше заглавена државата“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите