СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го кочи изборот на Антикорупциска комисија и условува со предлози за ослабнување на надлежностите

Од:

„Најкриминалната партија во Европа, ВМРО-ДПМНЕ, самата заглавена во корупциски скандали, го кочи изборот на нови членови на Државната комисија за спречување на корупција во Собранието.

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го условуваат носењето на Законот во Собранието со неразумни предлози, спротивни на препораките на експертите од Европската Комисија, со единствена цел да ги ослабнат надлежностите на ДКСК.

Целта на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски е да нема силна, независна Комисија за спречување на корупцијата односно да нема вистинска контрола над корупцијата којашто токму тие ја распространија до невидени размери.

Едно од барањата на ВМРО-ДПМНЕ е ДКСК да нема директен увид во сметките на функционерите туку тоа да се прави преку УЈП.

Овој предлог на ВМРО-ДПМНЕ ја намалува независноста на ДКСК затоа што Управата за јавни приходи е институција којашто е дел од извршната власт.

Не може институција дел од извршната власт подобро да ги контролира избраните функционери од независна институција како што со новите законски решенија е предвидена да биде ДКСК.

Исто така, ВМРО-ДПМНЕ бара ДКСК да не врши контрола на финансирањето на политичките партии, што е целосно неразумно и најдобро ги покажува намерите на оваа партија.

Јавноста знае, токму ВМРО-ДПМНЕ е партијата за чие финансиско работење односно сомнителен начин на финансирање и отворени сомнежи за перење пари е отворен случај од страна на СЈО.

Финансирањето на политичките партии мора да биде под целосна контрола на ДКСК за да нема било какви сомнежи.

Барањето на ВМРО-ДПМНЕ да не може било кој граѓанин да поднесе пријави во делот на финансирањето е уште едно барање на опозициската партија целосно спротивно со препораките на експертите од ЕК.

Со цел да ја разводнат и ослабнат позицијата на ДКСК, ВМРО-ДПМНЕ предлага формирање на некаков Национален совет. Зад ова барање се крие обид за разводнување на ингеренциите на ДКСК и да се ослабе најсилната независна институција за борба против корупцијата.

ВМРО-ДПМНЕ треба да престане да го кочи процесот за избор на вистинска, професионална и независна Државна комисија за спречување на корупцијата“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

Тренчевска: Решението на СДСМ значи поддршка на работниците за 600 евра плата и поддршка на компаниите

Филипче – Вајц: Местото на С. Македонија е во ЕУ, не да биде изолирана и заглавена

А1он

(ВИДЕО) Филипче со конкретно решение: Преку ребаланс се обезбедуваат и до 200 милиони евра за плати

СДСМ: Дали криминалецот Симе е поврзан со Гордана Димитриевска Кочоска и нејзиниот татко?

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Молкот на власта за скандалот со 5 тони дрога е потврда дека се штитат виновните