СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да си ја гледа соработката со ДУИ и да каже зошто го пушти Груби да избега

Од:

ВМРО-ДПМНЕ го боли фактот што после изборите им се откри вистинското лице, соработуваа со ДУИ, изгласаа четири закони заедно а потоа го пуштија Груби да побегне за сметка на оваа соработка. Ова е реалноста и сега мака мачат да го обвинуват СДСМ за некаква соработка со ДУИ, велат од СДСМ.

– СДСМ е партија која ќе грижи за своите интереси и интересите на граѓаните, а грижата за ДУИ му ја оставаме на ВМРО-ДПМНЕ. Наместо да го молат Груби да се вратат и да ги потценуваат граѓаните, треба да одговорат: Која е цената што го пуштија да избега и дали е тоа дел од соработката која ја имаа последниот период?

Разбираме дека им пропадна пропагандната мантра СДСМ и ДУИ, но тоа не е наш проблем. Разбираме и дека со бегството на Груби граѓаните со право се сомневаат и ја препознаа нивната тајна соработка и сега не веруваат во пискотниците на Тошковски и Мицкоски. ВМРО-ДПМНЕ е една лажна партија која освен пропаганда и лаги не нуди ништо конкретно за граѓаните, ниту има политики со кои може да се пофали, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Продолжен e домашниот притвор за Артан Груби

А1он

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти