СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да не се крие зад бесмислени прес конференции и да каже дали е за ЕУ и НАТО

Од:

„Раководството на ВМРО-ДПМНЕ да не се крие зад бесмислени прес конференции и да каже дали е за ЕУ и НАТО, полицијата работи одговорно и професионално. Раководството на ВМРО ДПМНЕ предводено Христијан Мицкоски, бадијала измислува непостоечки случаи. Со нив, не може да го покријат криминалот на Никола Груевски ниту пак да му обезбедат аместија. Раководството на ВМРО ДПМНЕ да не се крие зад празни, бесмислени прес конференции туку јасно да каже дали е за ЕУ и НАТО или е против“, велат од политичката партија.

Според нив, бројните судски постапки покажуваат како криминалната матрица на Никола Груевски 11 години системски ги ограбувала и осиромашувала граѓаните, додека иднината на Македонија ја држела во заложништво, изолирана.

„Без напуштање на оваа матрица и јасен повик до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за финализирање на чекорот кој води до членство во ЕУ и НАТО во Собранието Мицкоски останува на страната на Груевски, на страната против членството во НАТО и ЕУ, на страната на изолацијата“, велат од СДСМ.

„Колку и да измислува ВМРО-ДПМНЕ не може да ги прикрие фактите дека стапката на криминал се намалува за разлика од времето на нивното криминално владеење. Полицијата работи ефикасно, професионално и во служба на граѓаните, а доказ за тоа се и последните големи полициски акции за сузбивање на криминалот“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Мицкоски рече дека тој побарал да се блокираат исплатите за ИПАРД, СДСМ вели дека лаже

Катерина Ѓуровски

Николовски: Власта крие, ИПАРД програмата е стопирана

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

(ВИДЕО) Андоновска: Без оставка на Филипче, СДС нема иднина

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Македонија е на дното по стандардот на живеење, власта не ни помислува на покачување на платите

А1он

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД