СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да ги повика своите функционери да ги повлечат роднините од работните места

Од:

Списокот на ВМРО-ДПМНЕ е фаличен. На списокот недостасуваат роднините на функционери на ВМРО-ДПМНЕ кои се вработени во државни институции и јавни и државни претпријатија во 11-те години криминално владеење, реагираа од СДСМ на прес-конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Меѓу нив се и братучедот на Христијан Мицкоски, сестрата и таткото на генералниот секретар Игор Јанушев, вујкото, братучедот, снаата, братучетката и зетот на Антонио Милошоски, сестрата, сопругата, вујкото, тетката на Димитар Стевананџија, ќерката и братот на членката на раководството на ВМРО-ДПМНЕ и поранешна директорка на УЈП, Анастасија Илиеска.

Доколку во ВМРО-ДПМНЕ навистина се загрижени за администрацијата еве шанса да го покажат тоа и на дело – нека ги повикаат сите партиски функционери да ги повлечат своите роднини од работните места во адмнистрацијата и државните претпријатија што ги добиле за време на апсолутната власт на ВМРО-ДПМНЕ.

Откако ќе ги повика, ВМРО-ДПМНЕ нека ги достави овие имиња до Државната комисија за спречување на корупција.

Добро е што Државната комисија за спречување на корупцијата отвора случаи. Ги очекуваме одлуките на ова независно тело.

Истовремено, најавуваме дека ќе поднесеме претставки за сите останати случаи на вработувања на роднини на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Од партијата додаваат дека СДСМ нуди решенија и веќе започнаа првите повлекувања, време е да почне повлекувањето на роднините на функционерите од ВМРО-ДПМНЕ, во име на борбата против непотизмот, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици