СДСМ: Власта со месеци не го основа Инспекторатот за употреба на македонски јазик

Од:

На Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, со гордост може да кажеме дека со своите државнички политики СДСМ успеа да го заштити, да го афирмира и да го унапреди македонскиот јазик, изјаваи на прес-конференција, Маја Серафимовска -Борозан, од Форумот на жени на СДСМ.

Таа рече дека македонскиот јазик денеска е признат во Обединетите нации, со потпишување на Договорот со Фронтекс тој стана дел од јазиците кои официјално се користат во Европската унија.

„Со буџетски средства ја поддржавме дигитализацијата на сите картотеки во Институтот за македонски јазик, со што трајно заштитивме 5 милиони вредни записи на македонски текстови. Го поддржавме и проектот за дигитализиран „Толковен речник на македонскиот јазик“. Го дигитализиравме и Правописот на македонскиот јазик, со што овие значајни јазични ресурси стануваат подостапни за пошироката јавност. После 24 години, за прв пат во време на владата на СДСМ обезбедивме нови вработувања на научници во Институтот за македонски јазик. Минатата година го донесовме и Законот за употреба на македонскиот јазик, со што испишавме нова страница во историјата на јазичната и културната политика во нашата држава.

Со овој закон се воведоа значајни мерки, меѓу кои и: Задолжително лекторирање на сите официјални материјали со јавно објавување на лекторите, Вработување на лектори по македонски јазик во сите јавни институции и органи на власт, Основање на Инспекторат за употреба на македонскиот јазик за контрола на примената на законот.

Но и стипендирање на ученици и студенти на сите нивоа за проучување на македонскиот јазик и отворање нови работни места за лектори во институциите, училиштата, издавачките куќи и медиумите.

Овој закон е конкретен доказ за нашата грижа за македонскиот јазик, за неговото унапредување и афирмирање“, изјави Серафимовска -Борозан.

Од СДСМ велат дека за жал, после 9 месеци власта нема ништо преземено иако има законски обврски за тоа.

Партијаата праша зошто не е основан инспекторатот за употреба на македонски јазик и зошто нема вработување лектори.

На меѓународниот ден на мајчиниот јазик СДСМ ја повикува власта да покаже барем малку грижа за македонскиот јазик и да ги преземе сите законски обврски што досега не се преземени: веднаш да биде отворен Инспекторатот за македонски јазик и сите останати обврски кои не се исполнети, додаде Серафимовска -Борозан.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дали и министерот Трипуновски е замешан во корупциската шема на Стоилев?

А1он

СДСМ: Скопје се гушеше во ѓубре со месеци само за Орце да прави ПР трикови

А1он

Филипче оцени дека Македонија добила најлош извештај во последните 10 години, за промени во СДСМ му требало повеќе време

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е прва партија по криминал и неисполнети ветувања, затоа изгубија 140.000 гласови

А1он

ВИДЕО: Нова оставка во СДСМ и повик за смена на раковдството

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче побара поддршка за кандидатите на СДСМ: Гласајте за луѓе кои ќе бидат со вас и после изборите!

Горан Наумовски