СДСМ: Власта на дело ја покажа својата целосна негрижа за здравјето на граѓаните

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ и Коце Трајановски гласаа против предлог мерките на СДСМ за намалување на загаденоста на воздухот во главниот град.

Власта на дело ја покажа својата целосна негрижа за здравјето на граѓаните на денешната седница на Советот на Град Скопје со тоа што не ги поддржа новите мерки кои се во интерес на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ и Коце Трајановски немаат капацитет, а што е плошо, немаат ниту волја да се надминат проблемите со загадениот водух во Скопје.

СДСМ изразува незадоволство од однесувањето на владејачката ВМРО-ДПМНЕ спротивно на интересите на граѓаните кои се гушат во нечист воздух. Сериозно сме загрижени дека и оваа година на Скопје ќе му се случи еколошка катастрофа со загадувањето“, се вели во писменото соопштение на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?