СДСМ: Владата предводена од СДСМ вложува во квалитетно образование наместо во несоодветни проекти како што правеше ВМРО-ДПМНЕ

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Ирена Попова од ВМРО-ДПМНЕ.

„Денешната наводна грижа за образованието во Македонија е само уште еден доказ за лицемерноста на ВМРО-ДПМНЕ. Додека ВМРО-ДПМНЕ глуми загриженост и обвинува за кратење средства за реновирања на училишта и изградба на сали, нивните градоначалници не издаваат одобренија за градби и на тој начин го опструираат процесот. Наместо да прикажува лажна загриженост, ВМРО-ДПМНЕ да објасни зошто денес студентските домови должат над 300 милиони денари.

Заврши времето кога парите во образоаванието се трошеа за спроведување на избрзани и несоодветни проекти во образованието, кои служеа само за богатење на поединци и одеа на штета на наставниците, учениците и целиот образовен систем, како што тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ.

Со ребалансот на Буџетот се става крај на неодговорното и расипничко трошење на парите на граѓаните, а тоа ќе значи повеќе пари кај граѓаните и решавање на сериозни проблеми. Во образованието тоа значи и нови 35 милиони денари за студентски стандард, 10 милиони денари за ученички стипендии и школарини и вложување во квалитетно образование, наместо во криминални и несоодветни проекти како што правеше ВМРО-ДПМНЕ“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Корупцијата цвета, Македонија е на ниво на Буркина Фасо и Танзанија

А1он

СДСМ: ДЕА доставила податоци до македонското и српското обвинителство за скандалот со пет тони дрога

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Со денови нема одговор како 5 тони дрога поминаа преку македонската граница, нема приведени, нема осомничени

Горан Наумовски

СДСМ: Реформи во ВМРО, наместо нови лица – стара банда