СДСМ: Ветувањата на Талески и ДПМНЕ за комуналната сфера – целосно неисполнети

Од:

„ВМРО ДПМНЕ и Талевски во 2009-та година ги претставија своите приоритети во комуналната сфера. Ветија улици, водоводи, канализации, пречистителни станици, ефикасни јавни претпријатија и што уште не. Денес, ќе се подсетиме на нивните ветувања, но и на моменталната состојба во оваа област. Денес ќе откриеме на што Талевски не потроши добар дел од своите 200 милиони евра , а требаше“, рече Златко Ќурчиевски, секретар на ОО СДСМ Битола и додава:

Прво ветување: Водоснабдување на сите населени места во општината.

Во овој момент, состојбата е следна, во дури 34 населени места во општина Битола, жителите пијат бактериолошки неисправна вода. Талевски и ВМРО ДПМНЕ не се сложија со нашата иницијатива за изградба на хлоринаторни станици , па веќе трета година ги замајуваат жителите на овие рурални средини дека само што не почнала санацијата на нивните водоснабдителни системи и приклучувањето кон градскиот водовод.

Во овој контекст е и второто ветувањето, дека Ј.П Водовод ќе работи рентабилно со цел да има сопствени ресурси за оддржување на водоводната мрежа.

Состојба тука е следна: и покрај поскапувањето на водата за 117%, Ј.П. Водовод се соочува со финансиски проблеми, неисплатени обврски и блокирани сметки. Навистина оригинален начин за санирање на едно Ј.П., ем удрија по стандардот на Битолчани, ем ни останаа азбестните цевки за кои сега тврдат дека не биле ни штетни.

Третото ветување предвидуваше изградба на пречистителна станица. Изминатите години, не само што не изградија пречистителна станица, туку не понудија ниту проект за нејзина реализација.

Благодарение на негрижата на Талевски и неговата дружина, реките Драгор и Црна останаа едни од најзагадените во Р.М., а петтиот канал е класичен пример и потсетник дека дури и неисполнетите ветувања можат да бидат опасни по животот и здравјето на луѓето.

Воедно, ветија и изградба на депонија за инертен отпад Од која, денес, нема ни трага ни глас, но затоа пак целата општина ни ја претворија во дива депонија во која секој го одложува својот градежен шут каде што ќе стигне. Единствено на Талевски градот му изгледа уреден и чист.

За жал, претходно кажаното е само мал дел од неисполнетите ветувања на Талевски во комуналната сфера. СДСМ и понатаму ќе продолжи да го демаскира градоначалникот и неговата штетна политика затоа што жителите на општина Битола заслужуваат да ја знаат вистина.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Бесмислена и нефункционална е мерката на Владата за објавување на цените

А1он

СДСМ: Истрагата за Кочани е селективна, се штитат директно одговорните за трагедијата

А1он

ВМРО-ДПМНE: Филипче, Заев и СДС да одговорат како се стига до златна виза во Дубаи

А1он

СДСМ: На Велиген власта остави работници од повеќе институции без плата

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Да се извини Филипче и СДС што го лажеше народот дека „Бугари во Устав” се единствениот услов за напредок на државата

СДСМ: Со апсење само на поранешни полицајци истрагата за Кочани станува фарса