СДСМ: Унгарскиот кредит е политички мотивирана одлука на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ

Од:

СДСМ со сите институционални механизми ќе се спротивстави на реализација на одлуката за земање кредит од пола милијарда евра од Будимпешта, велат од партијата.

„Тврдиме дека оваа одлука ќе ја стави земјата во политичко и економско заложништво на друга држава и нема никаква економска и финансиска оправданост. Кредитот според досега достапните податоци воопшто не е поповолен од оние кои преку Европската инвестициска банка беа обезбедени за СДСМ за компаниите и стопанството. Наместо кредитирање преку проверени финансиски инструменти кои позитивно ќе влијаат на кредитниот рејтинг на земјата, Мицкоски во четири очи договорил кредит со кој се ризикува соработката со реномирани финансиски институции“, се вели во соопштението на СДСМ и се додава дека е „јасно дека станува збор за политички мотивирана одлука на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, а кои ќе бидат влијанијата на Унгарија преку оваа соработка допрва ќе се види“.

Од опозициската партија велат дека медиумите во Унгарија веќе шпекулираат дека овој кредит е крајно мистериозен и чуден, ако се земе предвид дека самата Унгарија ги плаќа своите заеми поскапо од кредитот за Македонија.

„Во оваа зделка веќе силно мириса на политички договор кој ќе има трајни штети и по стратешките позиции на земјата, но и сериозни финансиски импликации. СДСМ прави детални анализи на достапните податоци и ќе ја разотркие вистината позади оваа одлука на Владата на Мицкоски“, стои во партиското соопштение.

Би можело да ве интересира

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

Мицкоски во Минхен: Не ни треба процес без крај, туку заслужена и предвидлива европска иднина

Средба Мицкоски – Зеленски во Минхен: Напредокот е можен кога има визија, храброст и јасна определба

А1он

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

Мицкоски од Минхен: Пораките на Рубио се јасен сигнал – светот веќе не функционира по старите правила

А1он