СДСМ: Трипуновски на дело покажа што значи враќање на режимот, граѓаните ќе ја поразат режимската матрица на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Со упадот во подрачната единица на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство од страна на дополнителниот заменик министер Цветан Трипуновски граѓаните на дело видоа што значи враќање на режимот.

Однесувањето на Трипуновски е класично режимско однесување кое потсети на времињата на груевизмот кога ВМРО-ДПМНЕ ја малтретираше и се изживуваше со администрацијата.

Со неовластеното снимање на вработените во подрачната единица Трипуновски сторил грубо прекршување на Законот за приватност на вработени во јавен или приватен сектор.

Ништо друго и не може да се очекува од кадар на Груевски, лице против кое се води кривична пријава за злоупотреба на службената должност и човек кој организира протести на лажни земјоделци.

Неовластено снимање, упади, заплашување малтретирање и закани кон вработени во администрацијата, тоа е понудата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ не е поместена ниту милиметар надвор од насилничката, режимска матрица и затоа се што може да очекува на 12 април е нов убедлив пораз.

СДСМ и граѓаните нема да дозволат администрацијата да биде заплашувана, уценувана и понижувана од кого било а најмалку од кадри на Мицкоски и Груевски, реагираат преку соопштение од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски