Дојчиновски: Време е институциите да постапат по сомнежите за злоупотреби

Од:

Досега Антикорипцискиот тим на СДСМ има објавено тендерска мрежа тешка над 100 милиони евра. Едни исти омилени фирми на власта добиваат милионски тендери низ институциите и општините под контрола на ВМРО, изјави на прес-конференција Кристијан Дојчиновски од СДСМ.

– Ленди Груп за само две години добила 74 тендери, Пирамид Билдинг Солушнс добила 51 тендер, Масев дури 93 тендери. Станува збор за повеќе од 200 тендери доделени на само на 3 омилени фирми на власта. Оваа шема е надградема. Зад секој нивни тендер што го добиле речиси секогаш се појавуваат истите фирми за проктирање и надзор: МГ Проект и МБМ Архитекти. Дали е сето ова случајно?Секако дека не е случајно. Се е бизнис за Мицкоски и ВМРО-ОКГ. Колку уште докази треба да се објават за конечно да започне истрага Јавното обвинителство?

Како тоа едни исти фирми добиваат тендери, како едни исти фирми добиваат надзор и проектирање а никој не презема ништо? Станува збор за 100 милиони евра, пари на граѓаните. СДСМ нема да запре. Ќе продолжиме да ги разобличуваме сите тендерски шеми, сите злоупотреби и сите сомнежи за корупција. Ги повикуваме и граѓаните да продолжат да пријавуваат криминал, корупција и злоупотреби на дигиталната платформа www.micko.mk. Заедно се бориме против корупцијата и криминалот. Да ја вратиме власта во рацете на граѓаните. Сите ќе одговараат, од прв до последен, изјави Дојчиновски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“