СДСМ: Светот на Груевски и Тодоров – Виртуелни болници, реални милионски тендери

Од:

„Нема само виртуелни инвестиции во фантазиите на Никола Груевски. Нема само виртуелни работни места.

Никола Груевски 10 години гради и виртуелни болници.

Реално во виртуелните болници на Груевски и Тодоров се само милионските тендери.

Детската болница Козле Никола Груевски ја најавува точно 4 години.

gruevski-todorovski-2

На 27 декември 2011 година Груевски најави тендер за болницата од 7.5 милиони евра.

На 15 септември 2012 година, Груевски повторно ја најави болницата, а сумата од околу 7.5 милиони евра стана над 8 милиони евра. Тогаш Груевски рече дека изградбата на болницата треба да заврши за 2 години.

Помина 15 септември 2014. Помина и 15 септември 2015.

Денеска е 6 декември 2015 година, а болницата за белодробни заболувања Козле се уште не е отворена.

За ПЕТ Центарот за рано дијагностицирање малигни заболувања Никола Груевски исто така зборува од 2011 година.

На 4 јануари 2013 годнина Груевски го пушти Тодоров да го најави почетокот на градба за јуни 2013.

Оттогаш неколку пати го најавуваат.

Последното ветување беше дека ПЕТ Центарот ќе функционира до февруари 2015 година.
За два месеца ќе биде февруари 2016. ПЕТ Центарот не функционора!

Но функционираат надградени и проширени тендери.

Најавените околу 4.000.000 евра во 2013 година за изградба на ПЕТ Центарот, пораснаа на над 6.000.000 евра во 2014 година.

На крајот од 2015 година сумата што ја соопшти лично премиерот во заминување Груевски е 16.000.000 евра! 12.000.000 евра повеќе од првата најава.

На Никола Груевски вчера му недостигаше уште Никола Тодоров за лагите да бидат комплетни.

И по 10 години Штип сеуште нема нова Клиничка болница, Скопје нема нов Килинички центар.

Умираат бебиња, родилки, пациенти, се пука во лекари, бонициците се руина, апаратите или не работат или се во кутии.

Тендер политиките на Груевски и Тодоров го урнисаа здравствениот систем.

На 24 април доаѓа квалитетно и безбедно јавно здравство“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

Клековски: Дополнителната работа на лекарите вработени во јавното здравство не треба да е хаотична, анархична и со можности за злоупотреби

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?