СДСМ: Стојкоски се жали дека Општина Ѓорче Петров нема пари, а троши 6.000 евра за чоколади и сокови

Од:

Во време на енергетска криза градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски парите на граѓаните ги троши на непродуктивни трошоци рече на прес конференција пратеничката на СДСМ Даниела Маркоска.

– Преку два договори Општина Ѓорче Петров потрошила 354.000 денари или речиси 6.000 евра на чоколади, кроасани, сокови и чаеви. Додека Стојкоски се жали дека општината нема пари, тој средствата од буџетот на општината ги троши на сокови, чаеви и десерти. Едноставно, со Стојкоски се врати политиката „Немаме за леб а трошиме на чоколадо“ на Зоран Ставрески кој сега ја контролира работата на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ. Стојкоски бара помош од Владата жалејќи се на високите трошоци за електрична енергија а троши 6.000 евра на непродуктивни трошоци, вели Маркоска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?