СДСМ: Стоиме рамо до рамо со работниците

Од:

СДСМ изразува цврста поддршка за Првомајскиот протест организиран од Сојузот на синдикатите на Македонија. Овој протест е гласот на работниците кои бараат повисоки плати, подобри услови за работа и заштита на своите права. Тоа е борба за достоинство и правда, борба која ја поддржуваме безрезервно, велат од партијата.

„Како партија која секогаш била со работниците, СДСМ гордо стои зад своите постигнувања како зголемување на минималната плата од 8.000 денари на над 20.000 денари, зголемување на просечната плата од 22.000 денари на над 42.000 денари, воспоставување на систем за усогласување на платите со трошоците на животот. СДСМ беше и остана единствена партија која сите политики за работниците ги носеше со нив и за нив.

Денес, сведоци сме на влада која ги игнорира потребите на работниците. Минималната плата стагнира, просечната плата не расте, а колективните договори не се почитуваат. Вработените во јавниот сектор се дискриминирани, дури и редовните плати не се исплаќаат навремено. Ова е неприфатливо и недостојно.

СДСМ верува во социјалната правда и достоинството на трудот. Тие се постулатите на нашето делување и нашите политики. Ние сме со работниците, не само на 1 Мај, туку секој ден. Ќе продолжиме да се бориме за политики кои обезбедуваат фер плати, сигурни работни места и почитување на работничките права.

На овој 1 Мај, СДСМ стои рамо до рамо со работниците. Заедно, ќе изградиме општество каде трудот се вреднува, а правдата и достоинството се основа на нашата заедница, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Фрчкоски: 93 тендери вредни 18 милиони евра за Мастеф – омилената фирма на власта

А1он

(ВИДЕО) Манасков: Булинг, ножеви и тепачки во училиштата, СДСМ бара одговорност од Јаневска и директорите

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ, тој сака власт без контрола и без одговорност

Колку ќе ги чини граѓаните Дејвид Гета и како е одлучено за фирмата организатор без тендер, прашува СДСМ

СДСМ: Премиерот и обвинителот си се договараат по телефон за предмети и тек на истрага

СДСМ: Бугарофили на власт, тендер коалицијата ВМРО – ЗНАМ ја надмина и својата пропаганда