СДСМ: Срамно е да има три верзии од скандалот на аеродромот, некој ја прикрива вистинската верзија

Од:

Јавноста е во целосна конфузија по вчерашниот инцидент со претседателката на Косово, Вјоса Османи откако сите страни излегоа со своја верзија на настанот. Прашуваме, дали се прикрива вистинската верзија за тоа што се случило и од кои причини, се вели во реакцијата на СДСМ.

„Додека Косово го окарактеризира настанот како „дипломатски скандал“, јавноста не беше удостоена ниту со прес конференција на МВР за да се разбере што се случило. Вистина ли е дека лице од обезбедувањето на Гаши се заканувало со огнено оружје на вработени на ТАВ и каква била неговата улога? Дали ова во детали ќе го истражи и соопшти МВР или ќе се обиде да го забошоти случајот? Повеќе од очигледно е дека некој се обидува да става одредени факти под тепих. СДСМ бара целосно расчистување на настанот и транспарентно соопштување од страна на МВР.

Како и за повеќе други ситуации, во овој краток мандат на Владата, граѓаните не знаат што се случува и која е вистината. Ние гледаме секојдневно спротивни информации на многу теми и тоа директно од највисоките претставници на власта. Муцунски зборува едно за кредитот за пругата кон Бугарија, Николовски друго.

Мицкоски вика дека ќе најде начин да се намалат платите на функционерите, министерката за финансии дека ќе си оди ако и се намали платите. Албанските партии во власта се со сосема различни тврдења од ВМРО-ДПМНЕ по сите прашања од нивни интерес, без разлика дали е тоа албанска МАНУ или балансерот. Оваа Влада е многу нечесна спрема граѓаните и повеќе од јасно е дека вистината тешко ќе се дознава“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати