СДСМ: Софијанова доби државна награда по партиска заслуга

Од:

„Додека здравството се распаѓа, додека ВМРО-ДПМНЕ од ден на ден се повеќе и повеќе ги задолжува граѓаните за да се исплатат плати и пензии, на крајот од мандатот Никола Груевски брза да ги наградува своите најверни поддржувачи.

Аспазија Софијанова од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Центар е уште една во низата добитници на државни награди по партиска заслуга.

Здравството е во хаос. Катастрофалните политики на Груевски и Тодоров доведоа до иселување на лекарите и колапс на здравствениот систем. Се пука во лекари, умираат родилки и бебиња. Смртноста на новороденчињата во Македонија е 14 на 1.000 живородени. Според Еуростат, 229 новороденчиња умреле за една година.

Дури и од дополнителни морални причини Аспазија не ја заслужува оваа награда. Комисијата на чело со Аспазија Софијанова, одлучи малата Тамара да не се лекува во странство. Комисијата со којашто претседава Софијанова го имаше последниот збор.

Тогаш самата Софијанова призна и дека добила јавувања “одозгора” правдајќи се дека ја менувала претседателката на Второстепената комисија, мајката на министерот Никола Попоски.

После загубен детски живот, што и да се каже е премалку.

Очигледно е дека достигнувањата во партијата на Никола Груевски како претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Центар се причината поради којашто Аспазија Софијанова ја доби оваа награда“, реагираат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Каранфилова Пановска: Оризот се откупува за понижувачки 16 денари, оризопроизводителите не ги покриваат трошоците

СДСМ: Буџетот е пократок за осум милијарди денари, дупката ќе се крпи со нов кредит

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

СДСМ: 31 година од атентатот над Киро Глигоров, тогаш сакаа да ја запрат демократијата, на 27 април – повторно!

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

Платформата 12:05 ги достави предлозите за промени во СДСМ