СДСМ со осуда за нападот врз Стаменковски: Доаѓа време кога насилниците ќе одговараат

Од:

СДСМ најостро го осудува физичкиот напад што се случи вечерва врз сопственикот на порталот Доказ.Мк, Марјан Стаменковски.

Тоа што вицепремиерот Пешевски кој го истепа сопственикот на порталот Мактел, Саше Ивановски, сеуште е во својата фотеља до Груевски во Владата, без да биде покрената каква било постапка против него, ги охрабрува и мотивира насилствата што продолжуваат да се случуваат врз лица кои не се поданички наклонети кон власта.

Зачестените подмолните инциденти, чии нарачатели и извршители не се откриваат, или се знаат но се толерираат, упатува на огромна нервоза кај власта на Никола Груевски, којашто е соочена со одговорноста за своите злодела.

Порачуваме веднаш да престане вандализмот што им носи лошо на Република Македонија и граѓаните.

Повикуваме професионалците во МВР да одговорат на работните обврски за коишто се платени од граѓаните и да отворат истраги за сите случаи, вклучително и за вечерашниот.

Укажуваме, дека брзо доаѓа времето, кога насилниците и нивните помагачи ќе о дговараат за сите повреди врз граѓаните на Република Македонија, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците