СДСМ Скопје: Зошто Арсовска денес не се возеше со двокатните автобуси на Коце?

Од:

Зошто Данела Арсовска денес не се возеше во двокатните дизел автобуси што ги набави нејзината партија ВМРО-ДПМНЕ, туку во автобуси од фабриката „МАН“, какви што набави Петре Шилегов, прашуваат од СДСМ Скопје.

„Одговорот е јасен – затоа што криминалната набавка на ВМРО-ДПМНЕ на двокатните дизел-загадувачи имаше катастрофални последици за аерозагадувањето на Скопје, секаде каде што сообраќаа автобусите кои трошат над 40 литри дизел на 100 километри. Двестете двокатни дизелаши годишно трошат 25.000 евра гориво по автобус повеќе отколку МАН-овите на CNG, значи, со набавката на МАН-овите веќе се заштедија неколку милиони евра на скопјани!

На денешната прес-конференција Данела Арсовска повторно се обиде да ги „извози“ новинарите и граѓаните со нејзиното ветување за бесплатен превоз со 250 електрични автобуси, 18-метарски, какви што се налепени на автобуските станици на градот, за кои тврдеше дека ќе ги обезбедила ВЕДНАШ“, велат од СДСМ Скопје.

„Маските почнуваат да паѓаат, и Арсовска веќе не ветува набавка на електрични автобуси. Арсовска сега тврди дека по 82 дена ќе започнала со набавка на150 автобуси на CNG (МАН-овите што ги набави Шилегов се на CNG), и сега веќе не зборува за купување на дополнителни НОВИ 100 автобуси, туку за етапно приспособување на 100 автобуси на „алтернативен енергенс“. Арсовска воопшто не спомнува купување на електрични автобуси, како 18-метарскиот електричен автобус на нејзините плакати, што е срамно манипулирање на скопјани, новинарите, и медиумите.

Арсовска продолжи да дезинформира дека со БРТ ќе се отстранува средишното зеленило и дека ќе се сече, иако средишното зеленило нема да се сече, туку ќе се пресадува и двојно ќе се зголеми. Арсовска манипулира и дека БРТ нема да било за цело Скопје, иако сите скопјани ќе ги користат новите ултраеколошки автобуси, а постојната флота ќе се користи за новата поопфатна сообраќајна мрежа која ќе обезбеди многу помалку чекање.

Арсовска нема проект за 250 електрични автобуси, ги манипулира скопјани со фотографии од електрични автобуси, а сега ветува набавка на 150 автобуси на ЦНГ и приспособување на 100 автобуси на „алтернативен енергенс“, што е бесрамно манипулирање на јавноста. За разлика од Арсовска која нема никаков проект за јавен транспорт, Шилегов има конкретен проект за Брз автобуски превоз, за кој веќе се обезбедени средства за два нови коридори, за нова флота за ултра-еколошки автобуси, за нови автобуски станици и депоа, за дигитализација и „при-пејд“ систем на билети со единствена карта. Со зелениот проект за Брз автобуски превоз, Скопје добива посовремен, похуман, позелен, подинамичен и побезбеден транспорт, по мерка на граѓаните Скопје станува прв град на Балканот со БРТ систем и продолжува успешно да го решава проблемот со сообраќајното аерозагадување“, се вели во соопштението на СДСМ Скопје.

Би можело да ве интересира

Арсовска: Ќе ставите со Ганиу, Меџити и Адеми црвени беретки и ќе тргнете накај Мечкин Камен, само да се спасите од криминалот

А1он

Ќе креираат хаос, ќе го дестабилизираат Скопје за да дефокусираат, тврди Данела Арсовска

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Во време кога нема автобуски превоз, Скопје се дави во ѓубре и се занимава со циркусот Данела, што сработи синот на Блерим Беџети за 12 илјади евра интелектуални услуги?

Циркус и парада пред локални, вака министерот за внатрешни ги оценува обвинувањата од Арсовска

Катерина Ѓуровски

Арсовска му пиша на Мицкоски: Колку криминали на ДУИ имаш расчистено за една година

Арсовска „се користи како инструмент од ДУИ за дестабилизација пред локалните избори“, тврди Мицкоски