СДСМ: Скопје сè уште ги чувствува последиците од погубните политики на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„Несериозно и лицемерно е ВМРО-ДПМНЕ да обвинува некого за неспособност кога токму кадрите на ВМРО-ДПМНЕ кои раководеа со Град Скопје и скопските општини, од Скопје направија престолнина на кичот и еден од најзагадените градови во Европа. Граѓаните сè уште ги чувствуваат последиците од погубните политики на ВМРО-ДПМНЕ и трошењето на стотици милиони евра на коруптивни проекти заради задоволување на криминалните апетити на Никола Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека Скопје конечно доби отворена, одговорна и услужна градска администрација предводена од градоначалникот Петре Шилегов, којашто работи во интерес на граѓаните и градот.

Залудни се лажните вести и неоснованите обвинувања на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Заврши времето кога локалните власти работеа на исполнување на желбите на поединци. Граѓаните го препознаваат посветениот, одговорен и транспарентен пристап во работата на локалната власт предводена од СДСМ и ниту едно празно обвинување на ВМРО-ДПМНЕ нема да може тоа да го промени“, се вели во реакција на СДСМ на прес конференцијата на Светлана Колариќ од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Без силен член 353, тендерската коалиција ВМРО-ЗНАМ сака слободно да ги дели државните пари на свои фирми

А1он

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го смени Членот 353 со кој си се амнестираше од криминалот, сега бара негови измени

(ВИДЕО) Кузеска: Владата на Мицкоски и ВМРО нема решенија ниту одговори на проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Имотот стекнат со криминал мора да се конфискува без разлика кога е украден

Горан Наумовски

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ