СДСМ: Скопје најзагаден град, а власта на ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за загадениот воздух

Од:

Скопје утрово е повторно меѓу најзагадените градови во Европа а ниту градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ ниту владата на Мицкоски не преземаат нешто за загадениот воздух, велат од СДСМ.

– ВМРО-ДПМНЕ е централна власт и локална власт во Скопје, има градоначалници и мнозинство во советите во Скопје, во Аеродром, Кисела Вода, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров и никој ништо не презема.

Ветуваа многу, а не реализираат ништо, досега нема ниту една мерка за подобрување на квалитетот на воздухот.

Каде се новите зелени површини кои ги ветуваа? Нема ниту нови дрвја ниту зеленило. Не се чистат депониите, не се чистат улиците, ѓубре на секој чекор, не гледаме ниту еден еколошки проект ниту пак има долгорочни мерки за намалување на загадувањето во Скопје.

ВМРО-ДПМНЕ не смее да го игнорира ова важно прашање за здравјето на граѓаните и мора веднаш да преземе мерки против загадувањето, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Македонија заложник на туѓи агенди – ЕУ алармира на влијание од Србија, Унгарија, Русија и Кина

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Најдобриот виц оваа година е дека Максим Димитриевски бил коректор на власта, тој е обичен приврзок на Мицкоски

(ВИДЕО) Јанчева: Мицкоски не смее да му писне на Меџити за 200 дивоградби

(ВИДЕО) Шукова: Нов скандал во МВР, милионски тендер за возачки испити заврши кај советник на ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Чочекот е единственото што СДС знаат да го прават кога станува збор за капитални инфраструктурни проекти

(ВИДЕО) Талески: СДСМ заврши над 90 отсто од патот низ Фаришката клисура, ВМРО-ДПМНЕ повторно се кити со туѓи перја