СДСМ Скопје: Бегањето од дебати на Данела потсетува на едно мрачно и тешко време за медиумите и демократијата во државата

Од:

„Данела Арсовска, кандидатката за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ, не се појави на за синоќа закажаната ТВ дебата на Канал 5, во која требаше да се соочи со Петре Шилегов. Со тоа, таа ја продолжи старата практика на ВМРО ДПМНЕ, односно, кога немаш решенија, аргументи или проекти, кога пораките се само евтин популизам, не се оди пред оние кои треба да те изберат. Сите добро знаеме како тоа се завршуваше во поновата историја и на Скопје и на Македонија – со измама на гласачите и назадување на градот. Избегнувајќи ја дебатата, г-ѓа Арсовска, уште еднаш покажа дека не ѝ се важни гласачите бидејќи не сака аргументирано да објасни што всушност им нуди на граѓаните и на Скопје. Таа покажа и дека се плаши од отворен, директен дуел со Петре Шилегов бидејќи е свесна дека празни ветувања во дискусија „еден на еден“ не можат да поминат“, реагира СДСМ Скопје.

„Нејзиниот страв потекнува од нејзините сопствени сограѓани за кои нема решение за основните комунални и социјални прашања, а во дебата ова би било повеќе од очигледно. Но, граѓаните имаат право да знаат кој и како ќе управува со градот, кој има или нема реални и остварливи проекти, па затоа Петре Шилегов ја поканува г-ѓа Арсовска на дебата за медиумите, на место коешто таа сама ќе го одреди.

На Скопје му требаат одговорни и транспарентни политичари, политичари кои ги застапуваат вистинските интереси на скопјанките, скопјаните и Скопје, политичари кои ги почитуваат своите граѓани и пред кои се отчетни за своето водство. Тоа е минимумот кој кандидатите за градоначалници им го должат на нашите граѓани. Данела Арсовска свесно го игнорира тој факт, кој е етичка обврска кон скопјани. Свесно го игнорира, што е недозволиво“, се додава во реакцијата на СДСМ Скопје.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска го потпиша истиот проект за пречистителна поради кој го разреши Перински, и го клеветеше Мицкоски

Арсовска: Пречистителната станица во Скопје е најголемиот еко капитален проект во државава и регионот

Горан Наумовски

Арсовска: Oтпочнува постапката за изградба на новиот Луна парк

Горан Наумовски

Бизнисмени од Визбегово: Арсовска не комуницира со нас откако е градоначалник, а и дадовме шанса пред избори

Орце Костов

Костовски: Арсовска во кампањата им вети на луѓето парк, а не улица

Катерина Павлова-Николовска

Арсовска: Педесетте автобуси ќе бидат точка на дневен ред на Советот сѐ додека самите советници не ја изгласаат

Горан Наумовски