СДСМ: Скопјани се гушат, ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот на Управниот одбор на „Дрисла“ и негов советник?

Од:

Скопје е задушено во чад поради горењето на депониите, граѓаните со најскапото нешто-со своето здравје ја плаќаат цената на непособноста и лагите на ВМРО-ДПМНЕ.

Даме Димитровски, актуелен советник на премиерот Христијан Мицкоски за животна средина и поранешен претседател на Комисија за животна средина на ВМРО-ДПМНЕ, е претседател на Управниот одбор на Дрисла.

Ќе побара ли сега Мицкоски одговорност од него?

ВМРО-ДПМНЕ имаше и директор на Дрисла – Јане Мицевски, човек без никакво соодветно искуство, магистер за туризам и менаџмент.

Со депонијата Вардариште со децении управуваат нивни градоначалници, од Коце Трајановски, до Бобан Стефковски.

Пред четири години ВМРО-ДПМНЕ и нивните градоначалници ветуваа: „Фабрика за селекција на отпад во Дрисла“,„затворање на Вардариште, намалување на стакленички гасови, покривање и озеленување“, ветуваа „Зелена зона Вардариште“ со спортско-рекреативни терени a Тимчо Муцунски ветуваше дислокација.

Поминаа 4 години ништо од ова не е направено. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не само што ништо не исполнија, не само што ништо не решија, туку ги оставија депониите да го трујат градот.

За еколошката катастрофа која секој ден ја живеат скопјани вината е кај ВМРО-ДПМНЕ и нивните неспособни кадри и градоначалници, наведуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: СДС е против се, а е само за марихуана економија во Македонија

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Јосифово на удар од диви свињи: цело стадо се спушти над селото, жителите бараат итна реакција

Предраг Петровиќ