А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Силјановска добива поддршка само од партии кои работат против ЕУ и НАТО

by А1он26/02/2019 - 16:2126/02/2019 - 16:31362
Share0

Поддршката на партијата ГРОМ на Стевче Јакимовски за Гордана Силјаноска потврдува дека претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ добива поддршка единствено од оние политички чинители кои се дел од групи кои се обидуваат да ја блокираат иднината во ЕУ и НАТО, да го блокираат напредокот на државата, велат од СДСМ преку соопштение.

Добивај вести на вибер

„Се докажува дека Силјановска е само пион на Христијан Мицкоски, партиски послушник кој се поклони на груевизмот и застана против интересите на граѓаните и државата.

На граѓаните на Република Северна Македонија не им е потребен нов Иванов, не им треба нов партиски послушник кој ќе работи против НАТО и против ЕУ.

На Северна Македонија и е потребен вистински претседател, кој ќе застане рамо до рамо со прогресивните сили и Владата и посветено ќе работи на процесите што значат напредок, раст и развој, членство во НАТО и интеграција во ЕУ.

Граѓаните нема дозволат нов Ѓорге Иванов и ќе ги поразат деструктивните политики на ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски, Јакимовски, Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ нека се подготват за пораз на претседателските избори“, се вели во соопштението на СДСМ.

gordana siljanovskasdsmvmro-dpmne

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

Горан Наумовски11/03/2026 - 08:08

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Катерина Ѓуровски10/03/2026 - 13:35

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

Предраг Петровиќ09/03/2026 - 17:29

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

Предраг Петровиќ09/03/2026 - 17:25

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски07/03/2026 - 14:3207/03/2026 - 14:38

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски03/03/2026 - 15:5003/03/2026 - 17:51
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен