СДСМ Штип: Захариев да го објасни проблемот со незаконската реконструкција на дел од Трговскиот центар во Штип

Од:

„Во интерес на граѓаните, бараме градоначаникот Илчо Захариев веднаш да излезе пред штипската јавност и да даде објаснување за проблемот со незаконската реконструкција на дел од Трговскиот центар во Штип.

Градоначалникот Захариев, на сопствениците на деловниот простор во холот на трговскиот центар, им издал Одобрение за реконструкција и доградба.

Но, Захариев оваа постапка ја направил на незаконски начин и крајно нетранспарентно, за што Здружението на сопственици на деловен простор во Штип поднело жалба“, рече на денешната прес конференција Владимир Милошев, претседател на ОО СДСМ Штип.

„Поради констатирани незаконитости Министерството за транспорт и врски на почетокот на месец август донело Решение за поништување на Одобрението за реконструкција и доградба на трговскиот центар во Штип и предметот го вратило на повторување на постапката.

За овој скандал градоначалникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илчо Захариев молчи и се крие од јавноста.

Захариев ниту се појави во јавноста да објасни зошто го прекршил Законот за градба, ниту пак зошто не постапил согласно Решението и не ги стопирал градежните работи до конечно завршување на управната постапка.

Прашуваме, зошто до ден денес се нема произнесено Основниот суд во Штип ?

Зарем за Илчо Захариев не важат Законите на државата и мислењето на граѓаните?

Градоначалникот Захариев е должен да одговори дали објектот во моментов е дивоградба и кој ќе ја сноси одговорноста за незаконското постапување“, праша Милошев.

Би можело да ве интересира

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус