СДСМ: Само заминување на Груевски може да ја нормализира Македонија

Од:

Соочен со неговото заминување од власта Никола Груевски очигледно има потреба да ја објаснува сопствената подготвеност да даде сè и да направи сè само да ја сочува својата фотелја.

Лично Никола Груевски и неговите соработници, со криминалното владеење и уништувањето на економијата, демократијата и европската перспектива на земјава се најголемите кочничари за иднината на Република Македонија.

Затоа, повлекувањето на Никола Груевски е државен интерес.

Како предизвикувач на огромните проблеми со коишто се соочуваат Република Македонија и нејзините граѓани, креаторот на политичката и државната криза, Никола Груевски е клучниот дел од проблемот и тој не може да биде дел од решението.

Само повлекување на Никола Груевски и формирање преодна Влада којашто ќе овозможи неопходни услови за организирање на фер и демократски избори може да ја нормализира земјата и да ја врати демократската, европската перспектива на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Од државотворна партија, СДСМ се претвори во група што брани лични интереси

(ВИДЕО) Кузеска: СДСМ отвори ново поглавје за иднината на Македонија

(ВИДЕО) Филипче: СДСМ се држи до суштината, правда наместо привилегии, солидарност наместо страв

СДСМ го одржува 32. Конгрес

СДСМ: Мицкоски рутинска работа ја претставува како дипломатска победа

Обвинителот Савески да го викне Панче Тошковски да ги достави доказите за „Мазут“, бара СДСМ