Мицкоски: Од државотворна партија, СДСМ се претвори во група што брани лични интереси

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на новинарско прашање за евроинтеграциските ставови на СДСМ изнесени на партискиот конгрес, изрази жалење што партијата продолжува да биде мекото ткиво во македонскиот национален идентитет.

По работната посета на компанијата „Макпрогрес“ во Виница претседателот на Владата забележа дека СДСМ на вчерашниот конгрес не покажала ништо поразлично од претходно.

– ​Еве, јас само можам да кажам дека од оној фолклор којшто сме навикнати да го слушнеме не видовме ништо поразлично. За жал, СДСМ продолжува да биде мекото ткиво во македонскиот национален идентитет. Јас жалам што од некогаш државотворната партија се претвори во една група којашто се бори за да го штити својот личен интерес. Но, тоа е што е. Сега тие одбрале таква политика, така да се однесуваат. Ние тука не можеме ништо повеќе да сториме. Затоа понекогаш и можеби и не треба да коментираме сѐ што тие кажуваат, изјави Мицкоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

Мицкоски: Предвремени парламентарни избори ѝ одговараат на ВМРО-ДПМНЕ, но не се добри за државата

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

(ВИДЕО) Мицкоски: Судскиот процес во рамки на правосудниот испит ќе се симулира на македонски јазик