СДСМ: Пуштен во употреба новиот булевар „Христијан Тодоровски Карпош“ со 6 коловозни ленти

Од:

„Инфраструктурните градежни активности во Скопје од страна на градските власти предводени од СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов не стивнуваат ниту за време на пандемијата од корона вирусот, туку напротив работат со засилено темпо.

Изградбата на целосно новиот булевар „Христијан Тодоровски Карпош“ како еден од поголемите проекти на град Скопје има исклучително значење за олеснување на сообраќајот и истовремено развој на северниот дел од градот.

Новиот булевар е со ширина од 40 метри, со вкупно 6 коловозни ленти од по 3,5 метри, велосипедски патеки од двете страни со ширина од 2,5 метри, пешачки патеки од двете страни, средишно зеленило и зелен појас од двете страни“, велат од СДСМ.

„На овој начин, северниот дел од градот за првпат е целосно поврзан со булеварско решение од обиколницата до централното градско подрачје.

При тоа, на новиот дел од булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ е поставена нова водоводна, атмосферска и фекална мрежа, како и целосно ново улично осветлување со 140 столбови.

Постои можност по овој булевар да проаѓаат и некои линии на јавниот превоз што дополнително би се намалил сообраќајниот метеж во овој дел од градот.

За изградбата на оваа делница во должина од два километра, која се протега од крстосницата со булеварот Босна и Херцеговина до клучката на скопската обиколница, Град Скопје потроши 285 милиони денари или околу 4,6 милиони евра со вклучен ДДВ.

Изградбата на овој булевар претставува едно големо релаксирање на сообраќајот во градот особено што околу 100.000 граѓани кои живеат во северниот дел од градот, особено од Чаир, Скопје Север, Топанско поле и од Железара ќе имаат побрз излез на обиколницата .

Со изградбата на булеварот Христијан Тодоровски Карпош се заврши едно од најдолгите поврзувања на релација север-југ кое почнува со улицата Бихаќка во населбата Црниче, продолжува речиси праволиниски по булеварите „Кочо Рацин“, „Крсте Мисирков“ и „Цветан Димов“, па преку „Христијан Тодоровски Карпош“ се поврзува со скопската обиколница.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија преку локалните власти кои ги предводи продолжува со реализација на проекти кои се од особено значење за граѓаните притоа водејќи сметка за одржливоста, ефикасноста и безбедноста во сообраќајот, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Дали познат доктор и поранешен градоначалник одбил функција во раководството на СДС затоа што не го смета Филипче за релевантен?

Мицкоски рече дека тој побарал да се блокираат исплатите за ИПАРД, СДСМ вели дека лаже

Катерина Ѓуровски

Николовски: Власта крие, ИПАРД програмата е стопирана

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

(ВИДЕО) Кузеска: Македонија е на дното по стандардот на живеење, власта не ни помислува на покачување на платите

А1он

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД