СДСМ: Пропадна нова лага на ВМРО-ДПМНЕ, расте стравот во белиот дворец од извесниот пораз во Скопје на изборите

Од:

Како што се ближи денот на изборите така правопропорционално расте и стравот во ВМРО-ДПМНЕ од поразот што ги очекува во Град Скопје. Како што се зголемува стравот кај ВМРО-ДПМНЕ така се зголемува и пласирањето на лажни вести и невистини. Денеска пропадна уште една, нова лага на ВМРО-ДПМНЕ за наводно незаконско постапување, реагира СДСМ на прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Како што јавно информира и ЈП Водовод и Канализација Скопје, реконструкцијата на водоводна и канализациска мрежа на улица „Варшавска“ е спроведена согласно законските прописи и и градежните стандарди и нормативи. Градежни активности од посочената фирма не се започнати без претходно слкучен посебен договор, како што денеска се обиде да излаже ВМРО-ДПМНЕ преку својот портпарол.

Очигледно дека ВМРО-ДПМНЕ не планираат да понудат ниту еден проект, ниту едно решение за скопјани па целата кампања ќе ја водат со лажни вести, манипулации, обиди за конструирани скандали кои немаат врска со реалноста.

Затоа во белиот дворец не треба да се чудат што ги очекува убедлив пораз во главниот град но и во најголем број од општините низ државата. Со лажни вести, со деструкции и манипулации Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ може да очекуваат само уште еден нов, седми по ред пораз од граѓаните“, се додава во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Партиските редови денес се почисти, а ЗНАМ се фали со своите нови платеници

А1он

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот