Весковски: Трагикомични се клеветите изнесени од портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, барам јавно извинување од Арсовски

Од:

Смешни и трагикомични се денешните клевети изнесени од страна на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Арсовски, дадени пред почеток на претстојната изборна кампања за локалните избори, вели директорот на Водовод и канализација-Скопје, Душко Весковски по прес-конференцијата на Арсовски.

„Јас, како генерален директор на ЈП Водовод и канализација Скопје, категорично тврдам дека целата постапка за реконструкција на водоводната и канализациона мрежа на улица Варшавска е спроведена согласно законските прописи, градежните стандарди и нормативи. Врз основа на усвоена инвестициона програма и годишен план за работа, спроведена е постапка за јавна набавка, по што е склучена рамковна спогодба за реконструкција на водоводната и канализациона мрежа. По добиеното одобрение за реконструкција во месец јули 2020 година од Општина Карпош, е спроведена постапка за јавна набавка за склучување на посебен договор преку јавно негативно аукциско наддавање, при што наведената фирма е избрана за најповолен понудувач. Во спроведенета постапка останатите четири учесници немаат вложено жалба за изборот на најповолниот понудувач“, се вели во демантот на Весковски.

„По склучениот посебен договор, фирмата е воведена во работа и започнала со извршување на градежните активности, што може да се утврди од градежните дневници и книги, кои се потврдени и одобрени од страна на овластен градежен надзорен орган. Градежни активности од посочената фирма не се започнати без претходно слкучен посебен договор.

За манипулацијата со јавноста да биде уште пофантастична, на посочената фирма, ЈП Водовод и канализација Скопје ги нема во целост исплатено времените градежни ситуации за реконструкцијата.

Во недостаток на идеи и проекти од страна на ВМРО ДПМНЕ, кои улицата Варшавска ја оставија со еден куп новоизградени бетонски чудоивишта, опозициската партија се обидува со лаги, клевети и манипулации да фрлат дамка врз решението на ЈП Водовод и канализација Скопје, со кое граѓаните на овој дел од Општина Карпош добија трајно решение за водоводната и канализационата мрежа.

ЈП Водовод и канализација Скопје како најтранспарентно јавно претпријатие во државата според сите индекси на демократија, целокупната документација, градежните дневници и градежните книги ги става на увид на сите надлежни органи.

За искажаните клевети и невистини, од страна на Димитар Димса Арсовски, потпарол на ВМРО ДПМНЕ упатуваме јавно барање за извинување и повлекување на изнесените лаги и невистини, а во спротивно ќе поведеме соодветна судска постапка за утврдување на граѓанска одговорност за изречените лаги и клевети“, се наведува во демантот на директорот на Водовод и канализација-Скопје.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Не постои барање од Бугарија кое уценетиот Филипче нема да го исполни за да дојде на власт

Милошоски: Кадарот на Филипче, Заев и Ахмети, Ислам Абази ја запре судската постапка за сомнителната набавка на мазут вреден 167 милиони евра

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче лажеше дека Бугарија не го негира нашиот идентитет, за министерката за надворешни работи на Радев сме ,,северномакедонци”

Манасиевски: Филипче по стапките на Заев, подготвен да ги исполни бугарските барања на штета на Македонија

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите