СДСМ: Проблемот со депонијата интензивно се решава, ВМРО-ДПМНЕ да престане да прикажува лажна загриженост!

Од:

„Проблемот со струшката депонија се решава интензивно со сета рапсоложлива механизација. Пожарот на депонијата веќе се гаси, по што ќе следува затрупување на депонијата и нејзино целосно расчистување. Владата предводена од СДСМ ефикасно и трајно ќе го реши доглогодишниот проблем со струшката депонија за кој ВМРО-ДПМНЕ 11 години не направи ништо.

Лицемерно е ВМРО-ДПМНЕ да бара решение за проблемот дури откако Владата предводена од СДСМ формираше соодветна комисија чии што задолженија интензивно се спроведуваат на терен и се преземаат мерки за гаснење на пожарот и целосно решавање на проблемот со депонијата. ВМРО-ДПМНЕ од позиција на власт 11 години го игнорираше овој, како и многу други проблеми на граѓаните на Република Македонија. Денес, како опозиција, ВМРО-ДПМНЕ за ситни политички поени прикажува лажна загриженост за проблемите на граѓаните, барајќи итни мерки дури откако тие веќе се спроведуваат.

СДСМ, преку реформската Влада што ја предводи, целосно се посвети на санирање на штетите што зад себе ги остави 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ и е цврсто определена да спроведе реформи кои ќе донесат добар живот за сите. Наместо да покажува лицемерна загриженост, ВМРО-ДПМНЕ треба да биде конструктивна опозиција и да ги поддржи мерките и реформите кои ќе донесат здрава животна средина, правда и живот за сите“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус