СДСМ: Пресот на Николоски е уште еден доказ за очајот од поразот на извршителот Христијан Мицкоски

Од:

„Очајната ВМРО-ДПМНЕ ја прими пораката од над 15.000 граѓани вечерва и затоа е во паника, шири лажни вести преку човек кој изгубил на суд за изречена клевета

Прес конференцијата на Александар Николоски е уште еден доказ за очајот од поразот на извршителот Христијан Мицкоски кој не успеа да го одбрани криминалот на Никола Груевски.

Денеска ВМРО-ДПМНЕ ја доби пораката од граѓаните кои се заложија за правда и одговорност за криминалите и затоа се во паника“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Знаат во белиот дворец што ги чека, одговорност за нивниот криминал, за сето зло што го направија и нов пораз. Силен пораз, не на 12 април, уште денеска во ВМРО-ДПМНЕ знаат дека се веќе готови и ќе одговараат, тоа е комбинацијата којашто ги толчи. СДСМ работи а ВМРО-ДПМНЕ шири лаги.

СДСМ носи закони за граѓаните, покачува плати, пензии, социјална помош, носи правда, членство во НАТО, на чекор сме до ЕУ.

ВМРО-ДПМНЕ е очајна и штанца лаги, дезинформации и конструкции, прво преку нивните медиуми а после и на прес конференции, кои немаат врска со реалноста, но со најниски напади, на семејството на претседателот Заев.

Затоа и го праќаат на прес-конференција Николоски, кој веќе изгуби на суд за изречена клевета.

Не ВМРО-ДПМНЕ, ние бараме се што повикуваат веднаш да се објави јавно и транспарентно. Да ги видат граѓаните и уште еднаш пред целата јавност да се потврдат лагите на оваа очајна партија.

Како што ќе се доближува 12 април и поразот на ВМРО-ДПМНЕ толку ќе бидат стравот и паниката кај извршителот Мицкоски, а лажните вести од белиот дворец ќе станат се поинтензивни.

Но тоа е ваш проблем, ние продолжуваме напред, тие еден чекор назад, ние три чекори напред!

Следува одговорност за сите што направиле зло, како и за оној ваш бегалец од Будимпешта, заради сите граѓани на Северна Македонија на кои им уништивте, им одземавте 11 години од нивните животи“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Поднесуваме нова претставка за навредите и омразата на Бранко Героски

Предраг Петровиќ

СДСМ: УЈП собира арач – фали една милијарда евра во буџетот

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски