СДСМ: Предавникот Мицкоски ја претвора Македонија во мигрантски камп, за пари!

Од:

Денеска „Тајмс“, еден од најреномираните британски медиуми, објави дека Владата на Мицкоски официјално преговара со Велика Британија за отворање мигрантски кампови во Македонија.

Предавникот Мицкоски, кој се колнеше во татковина и викаше дека „шанса нема“ да има кампови, преговара да ја направи Македонија депонија за мигранти. Со ова предавство државата станува отпадна периферија на Европа, велат од СДСМ.

Според текстот, разговорите почнале уште во раната есен, во период кога Мицкоски во земјата глумеше патриот и уверуваше дека нема да се отвораат кампови. За секој примен мигрант, Мицкоски и владата ќе добиваат пари од Британија. Тоа значи дека Мицкоски ја продава државата, ја претвора во мигрантски логор за ситни пари. Ова е трговија со суверенитетот, со безбедноста и со иднината на нашите граѓани!

Уште пострашно е што, според „Тајмс“, мигрантите ќе имаат можност да бараат азил и да работат во Македонија. Ова значи дека владата планира трајно населување и отворање на пазарот на труд за мигранти во градежништвото и други гранки.

Истата таа ВМРО–ДПМНЕ која собираше потписи и организираше протести против „измислени мигрантски кампови“ сега ја спроведува вистинската шема за нивно отворање. Ова ли е патриотизмот, Мицкоски? Од денес ти си предавникот на македонскиот народ, трговец кој ги продава граѓаните и безбедноста затоа што му требаат пари. Зад завесите се случува најголемата политичка перверзија и предавство во историјата на државата.

Граѓаните мора да знаат: ова е прашање за опстанокот на државата.

Мицкоски ја стави Македонија на продажба, ја претвора во мигрантска периферна зона на Балканот, земја без контрола, без достоинство и без иднина.

СДСМ најостро се спротивставува на ваквите тајни договори и бара премиерот веднаш да ја објави целата содржина на разговорите со Британија и да одговори јавно: дали за неколку милиони евра подготвува да ја претвори Македонија во најголемиот мигрантски центар на Балканот, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Протест „Стоп за УСЈЕ“, се бара дислокација на цементарата

ВИДЕО: Исмаил побара министерството да ја одземе интегративната дозвола на ТИТАН УСЈЕ

Министерството за правда ќе формира работна група за Изборниот законик

Тошковски: Со воведување на проектот „Безбеден град“ намален е бројот на повредени од сообраќајки

Зошто не ја одземете дозволата на УСЈЕ, Муамет Хоџа: Ќе одговорам писмено, еден ден сум министер

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања