СДСМ: Пред Мицкоски е одлуката, дали ќе ја поддржи европската иднина или ќе го следи патот на Груевски

Од:

„Христијан Мицкоски е пред одлуката дали ќе ја поддржи македонската иднина во ЕУ или ќе го следи патот на неговиот претходник Никола Груевски. Груевски 11 години го блокираше евро-интеграцискиот пат на Македонија кон ЕУ за на крај да избега од државата соочен со одговорност за криминалот“, велат од СДСМ.

„Веќе следната недела на лидерската средба ќе стане јасно дали Мицкоски е дел од блокот на ЕУ или остаува во анти европскиот блок со Левица.

Државата има историска шанса, со силна поддршка од ЕУ и САД, да го продолжи европскиот пат и да се реализира стартешката цел за полноправно членство во ЕУ.

Одговорност пред граѓаните и иднината на земјата имаат сите 120 пратеници и политичките партии, вклучително и ВМРО-ДПМНЕ.

Изборот е интеграција или изолација“, соопшти СДСМ.

Би можело да ве интересира

Стојаноски: Ќе ја поддржиме иницијативата на Пратеничката група на СДСМ за вонредна седница поврзана со семејното насилство

ВИДЕО: СДСМ поднесе интерпелација за Трајко Славески за Алта банка

СДСМ бара итна собраниска седница за насилството врз жените и одговорност од институциите

СДСМ: Ако Алта банка е во одлична форма, како што велеа, зошто сега треба да се спасува

Филипче: Мицкоски да одговори зошто со законски измени се брише одредбата за уплата на 6% во вториот столб?

Бројките се немилосрдни и ги демантираат СДС, ДЗС вчера објави дека реалната нето-плата во септември пораснала за над 5%