(СДСМ) Повторуваме: Не постои разговор помеѓу Груевски и Мијалков, кога разговарале со други постои снимен разговор

Од:

Портпаролот на СДСМ Петре Шилегов одговарајќи на новинарски прашања кажа дека има неуспешен обид да се манипулира со снимениот разговор на шефот на УБК со Муса Џафери.

Обидот да се манипулира со тврдењата на СДСМ е повеќе од неуспешен. СДСМ јасно кажа и повторуваме, не постои снимен директен разговор помеѓу Мијалков и Груевски. Кога разговарале со некој којшто е уфрлен во машината, односно прислушуван, во тој случај постои снимен, забележан разговор. Во конкретниот случај, ако ме прашувате за вчерашниот пример, очигледно дека е следен и сниман господинот Муса Џафери. Разговорот очигледно бил снимен затоа што е вртено на неговиот број, од страна на Мијалков, рече Шилегов.

На прашањето дали изјавата на Груевски, денеска, кадешто повторува дека се работи за прислушување во соработка со странски служби имплицира и можеби судска разврска која тој ќе ја покрене, Шилегов рече:

– Кредибилитетот на судските институции е целосно доведен во прашање. После вчерашното објавување на докази, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, без оглед на сите спинови на власта, ќе продолжи и во целост ќе ги изнесе сите докази за криминалното владеење на оваа власт.

Имаше бројни реакции од сите засегнати коишто беа спомнати, дека размислуваат за ревидирање на процесот на тужбите коишто им биле мистично одбивани од Апелација, и од другите судови во Македонија. Сметате дека тоа ќе доведе до крах на судството со оглед на тоа како се развива ситуацијата?

– Веќе кажавме во текот на вчерашниот ден, кажав и во денешната изјава. Кредибилитетот на македонскиот правосуден систем, во смисол на Јавно обвинителство, судии и постапување на судии по нарачани одлуки од страна на Јавниот обвинител и на извршната власт, сериозно е доведен во прашање. Искрено се надеваме дека власта ќе смогне сила достоинствено да се повлече и извлече од целата оваа работа, одговори Шилегов.

Би можело да ве интересира

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Вториот вработен во фирмата со тендри од девет милиони евра поврзан со УБК на Мијалков и уништувањето на опремата, објави СДСМ

Арсовски бара јавно извинување од СДСМ и нагласува дека нема никаква поврзаност со фирмата „Дигитал оне“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Девет милиони евра тендери за фирма со двајца вработени, отворена пред една година, објави СДСМ

Горан Наумовски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ

СДСМ: Гордана Јанкуловска, која денес се претставува како жртва, беше дел од системот што години наназад ги кршеше човековите права