СДСМ: Поврзаноста на партиското судство со медиумските курири е доказ за потребата од слободни медиуми

Од:

„Никола Груевски се плаши од соочување со одговорноста за криминалот и изборните измами.

Објавувањето на стотиците илјади спорни и фантомски гласачи во Избирачкиот список го потврдија изборниот криминал на Никола Груевски.

Затоа Груевски бега од реформи во медиуми, бидејќи се плаши од вистината, се плаши од правдата.

Партиско-фамилијарните испостави на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски во судството се директно поврзани и со контролата врз медиумските курири.

Но, нема бегање ниту од вистината, ниту од правдата.

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ќе одговараат за криминалното владеење. Партиските испостави во судството нема да ги спасат.

Слободанка Гошева Гиевска, ќерка на претседателката на Уставниот суд Елена Гошева, е директорка за регулатива и големопродажба во Телеком.

Се уште нема одговор на прашањето дали оваа позицијата во Телеком е награда за Слободанка Гошева Гиевска за послушноста на нејзината мајка, Елена Гошева?

Особено што главен и извршен директор во Телеком е кумашинот на Сашо Мијалков, Жарко Луковски. Јавноста дозна за поврзаноста на радиото Слободна Македонија со фирмата НВСП на Владислав Стајковиќ, близок до братучедот на Груевски, Сашо Мијалков.

Преку медиумскиот мрак Никола Груевски сака да ја сокрие вистината дека фамилијата, години наназад, не само што ги крадела парите на граѓаните туку го краделе и правото на слободен глас, правото на слободен избор.

Сопственик на фирмата НВСП, основач на СГС, е Владислав Стајковиќ којшто е во блиска релација со кумашинот на Мијалков, Луковски. Стајковиќ е овластено лице и на фирмата „Мобико ДООЕЛ“, каде што газда е токму Жарко Луковски.

“Курир”, “Република” и “Радио слободна Македонија” се три провладини медиуми, коишто за три години оствариле приходи од 3 милиони евра.

Затоа овие медиуми ги бранат партиски диригираните одлуки на Уставниот суд во одбрана на изборниот криминал бидејќи се потврди дека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ги краделе изборите.

Тоа е уште еден доказ зошто е потребна реформа на медиумите“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

ЗНМ и ССНМ реагираат: Попречувана новинарка на Телма при известување за инцидентот во Битола

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот