СДСМ: Попоски призна дека во Македонија не се спроведуваат никакви реформи

Од:

„Во денешното интервју за Дојче Веле, министерот за надворешни работи, Никола Попоски, призна дека во Македонија не се спроведуваат никакви реформи, дека судството и институциите се партизирани, дека нема медиумска слобода.

Дополнително, Попоски признава дека власта не може да одговори на предизвиците што ги отвори бегалската криза.

Спуштањето на оценката на билатералните односи со Македонија од страна на една од најзначајните земји членки на ЕУ, Германија, е уште една потврда дека Никола Груевски е меѓународно изолиран и дека тоа нанесува директна штета на земјава.

„Задоволително два“, искажано со диполоматски речник, во реалноста значи „незадоволително еден“. Фактот дека германската канцеларка Ангела Меркел ја избегна Македонија при нејзината посета на земјите од Западен Балкан уште еднаш го потврдува тоа.

Впрочем и последниот скандал со македонската амбасадорка во Хрватска го покажува ниското ниво и катастрофалната состојба во којашто е доведена македонската дипломатија“, пишува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар