СДСМ: Пописот е патриотски чин, секој граѓанин да даде придонес во развојот на својата татковина

Од:

„Најсложената статистичка операција – пописот на населението и домаќинствата во државата ќе се спроведе по речиси две децении, согласно сите стандарди на Евростат и Обединетите нации и со почитување на протоколите за заштита на здравјето на граѓаните.

Институциитеќе дејствуваат согласно препораките на стручните лица од Комисијата за заразни болести.

Пописот, што ќе се одржува наредниот месец, е патриотски чин“, велат од СДСМ.

„Со учество во пописот секој граѓанин дава придонес во развојот на својата татковина, на своето населено место.

Од друга страна, повикот на бојкот е неодговорно однесување и ја води државата во ситуација кога развојот не може да се планира на факти, туку на претпоставки.

Пописот на населението е од клучно значење за развојот на државата, за граѓаните, а по него ќе може да се креираат мерки и политики кои одговараат на вистинските потреби на граѓаните – економски, здравствени, образовни, социјални, културни, со што ќе се унапредат и нивните права и придобивки“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ