СДСМ: Понудата на ВМРО-ДПМНЕ е одбрана на насилници и криминалци

Од:

Целата јавност вчера беше згрозена од аудио снимка со скандалозна содржина, каде се слушаат два гласа за кои се тврди дека се дел од осудените за 27 април, од кои еден од нив упатува закани за ликвидација на претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев како и на луѓе кои го поддржуваат. Ваквата снимка доаѓа само неколку дена по протестите поддржани од ВМРО ДПМНЕ, каде се бараше осудените за 27 април, да бидат ослободен рече на прес конференција портпаролката на СДСМ, Богднка Кузеска.

-За случајот 27 април се води судски процес и против организаторите, а според информациите споделени од министерот за внатрешни работи постоел и план во ВМРО-ДПМНЕ наречен „Дивиот ангел“ по кој требало да се реализира насилтвото во Собранието. На протестот со иста сценографија како оној на 27 април во 2017 година , со истиот хушкачки наратив кој поттикнува омраза и поделби, Христијан Мицкоски ги нарече осудените за крвавиот четврток, уставобранители. Ете зад какви ликови, зад какви насилници застанаа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ вели Кузеска.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат